Хроника 19. јули 2018. / 14:43

Осомничените за убиството на младиот Саздо на распит кај обвинител

Осомничените за убиството на младиот Саздо на распит кај обвинител

Осомничените за убиството на младиот Никола Саздовски- Саздо се одведени на распит пред јавен обвинител.

Двајцата осомничени се во притвор, а по третиот полицијата се уште трага.

Инаку, Никола Саздовски- Саздо почина на 9. овој месец, по претепувањето од тројцата осомничени, на автобуска постојка во скопска Автокоманда.

Против тројцата осомничени за смртта на Саздовски ќе се води истражна постапка за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“, откако ОЈО Скопје го преквалификува кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година.