Хроника 25. април 2018. / 11:48

Омаловажувале и нападнале полициски службеници

Омаловажувале и нападнале полициски службеници

Возилото го управувал Е.Р. (22) од Куманово, а при извршеното легитимирање на совозачот, М.Н.(22), кој не носел документи му било укажано дека му биле констатирани прекршоци по Законот за лични карти и Законот за јавна чистота.

Вчера во 21.00 часот во Куманово на улицата „Народна Револуција“, од страна на полициски службеници при вршење на мотопатролна служба било забележано како од возило “Алфа Ромео“ со кумановски таблици од совозачкото седиште лице фрлало отпаден материјал на тротоар.

Возилото го управувал Е.Р. (22) од Куманово, а при извршеното легитимирање на совозачот, М.Н.(22), кој не носел документи му било укажано дека му биле констатирани прекршоци по Законот за лични карти и Законот за јавна чистота.

Истиот почнал да ги омаловажува полициските службеници, давал отпор а во тој момент возачот Е.Р. со употреба на физичка сила извршил и попречување на полициските службеници во преземање на службените дејствија.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следат соодветни поднесоци.