Хроника 05. March 2019. / 15:41

Охриѓанец фатен на дело како краде

Охриѓанец фатен на дело како краде

Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против С.А.(29) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба“.

Пријавениот е фатен во тек на извршување на кражба во стан на улица „АСНОМ“ во Охрид.

Пријавениот, кривичните дела ги извршил во периодот од 11 јануари до 28 февруари оваа година во пет куќи и два стана во Охрид.

Тој со употреба на сила влегувал и одземал телевизори, златен и сребрен накит и други вредни предмети.

На тој начин, С.А. се стекнал со противправна имотна корист од 275.000 денари.