Хроника 20. ноември 2020. / 19:55

Ограбено момче во Центар – му се заканиле и му одзеле пари, торбичка и лични предмети

Ограбено момче во Центар – му се заканиле и му одзеле пари, торбичка и лични предмети

Дваесет и тригодишно момче претпладнево било мета на напад од две лица кои со закана го ограбиле.

Како што соопштија од полцијата, инцидентот се случил во центарот на Скопје.

На 20.11.2020 во 11:00 часот Х.Г.(23) во Полициска станица Центар пријавил дека на 19.11.2020 околу 22.30 часот на подрачје на Центар, две лица со закана му одзеле пари, торбичка и лични предмети – информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.