Во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на автопатот Гостивар-Тетово околу 12 часот и 20 минути, повредени се неколку лица, објави Гостиварпрес.
Според првичните информации во сообраќајката учествувале две патнички возила со гостиварска регистрација: Ауди А3 управувано од 59-годишен гостиварец и БМВ кое го возела 29-годишна гостиварка. Повредените со амбулатно возило се пренесени во болницата во Гостивар.
Следува увид на лице место, по што ќе се утврдуваат деталите.
Пред два дена на автопатот, во сообраќајна несреќа животот го загуби 51-годишна жена.