Хроника 22. април 2019. / 22:06

Нови детали: Убиениот кај Слупчане бил лихвар

Нови детали: Убиениот кај Слупчане бил лихвар

Четириесет и осумгодишниот Елхам Салахи, кој беше убиен заедно со неговиот 8 годишен син во близина на селото Слупчане бил лихвар и давал заеми со високи камати, но имал и насилен карактер, објави Телма телевизија.

Салахи бил од селото Белановце, а живеел во Опае. Соселаните, па и оние од Слупчане добро го познавале. Како што раскажуваат За Телма тој зел четири куќи и десетина нивни од луѓе на кои им дал пари.

И од МВР за Телма потврдиле дека тој имал дебело криминално досие. Два пати бил пријавуван за обид за убиство, бил фатен со нелегално оружје и нападнал полицајци. Бил осуден на четиригодишна затворска казна која ја издржал. Сепак кој е мотивот и кој стои зад за ладнокрвната ликвидација на кумановецот и неговиот син засега не е познато.