Хроника 09. април 2019. / 13:10

Невообичаена несреќа: Кипер удри во надвозник на автопатот во изградба Охрид – Кичево

Невообичаена несреќа: Кипер удри во надвозник на автопатот во изградба Охрид – Кичево

Камион кипер на фирма подизведувач на градежните активности на автопатот Охрид- Кичево, удри во новоизграден надвозник над коловозот, кај селото Песочан. Станува збор за невообичаена несреќа, кога товарнот дел на камионот е оставен подигнат, во позиција за истовар, а возилото во движење удира во надвозникот.

Направена е материјална штета, а истрагата ќе ја утврди причината за незгодата, дали се работи за невнимание на возачот или пак за некаков дефект на возилото.