Хроника 13. април 2018. / 16:16

Нервни растројства+алкохол=семејно насилство во гостиварско

Нервни растројства+алкохол=семејно насилство во гостиварско

Изминатиот период на подрачјето на Гостивар зачестија случаите на семејно насилство со напади врз сопруга, мајка и други блиски во семејството. Статистиката на Секторот за внатрешни работи покажува дека во првото тримесечие од годинава, во гостиварскиот регион се регистрирани шест кривични дела од областа на семејното насилство. Покрај овие посериозни случаи, во истот период во Полициската станица  биле поднесени и 23 поплаки заради психичко и економско малтретирање, кои најчесто биле од родители.

Кривичните дела со нанесеување телесни повреди и загрозување на сигурноста биле заокружени со соодветни пријави, додека поплаките со усно или писмено предупредување на насилниците.

Во најголемиот дел од случаите, најчести причини за семејното насилство се нервните растројства, а на второ место е залоупотребата на алкохол. Најчести жртви на се женски лица, претежно сопруги, мајки.

Во првото тримесечје на подрачјето на Тетово биле регистрирани 17 кривични дела “семејно насилство“ и биле примени 36 поплаки.