Хроника 02. октомври 2018. / 13:17

Неколку лица приведени за убиството на Рузвелтова

Неколку лица приведени за убиството на Рузвелтова

Повеќе лица се приведени во СВР-Скопје на имформативен разговор со цел да се утврди точниот мотив за оружениот напад, што се случи во петокот вечерта на ул. „Франклин Рузвелт“ во центарот на Скопје.

Во нападот две лица се убиени кога непознати сторители од возило во движење пукале во автомобил „сеат алтеа“ во кое се наоѓал убиениот. Едниот е убиен на самото место, додека двајца беа ранети, од кои едниот подоцна почина.

Министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека МВР работи на случајот и оти кога ќе дојде до конкретни резултати детално ќе ги објави.

– Веднаш по настанот иако во тек беа подоготвки за референдумот се презедоа сите мерки за расчистување на случајот во СВР и од страна на надлежниот јавен обвинител извршен е увид. Обезбедени се материјални траги, кои се најдени на лице место. Извршена е обдукција на телата, се работи на вештачење на материјалот кој е подигнат, на возилото, додаде Спасовски.