Хроника 16. јануари 2020. / 12:22

Неготинец со сила ја качил внуката во кола и го нападнал нејзиното момче

Неготинец со сила ја качил внуката во кола и го нападнал нејзиното момче

Жител на Неготино вчера попладне физички нападнал момче кое било во љубовна врска со неговата внука, истакна денеска портпаролот во СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Вчера околу 15 часот во Неготино на ул.„Мaршал Тито“, малолетничка и 19-годишно момче со кого била во љубовна врска, биле пресретнати од страна на нејзиниот 44-годишен вујко. Според пријавеното, вујкото со сила ја качил малолетната внука во својот автомобил и физички го нападнал момчето, бидејќи не ја одобрувал врската. Се работи на расчистување на случајот, појасни Додевски.