Вчера на преминот Табановце полицијата уапси маж од тетовско кој бил осуден на казна затвор.
На 26.05.2019 година во 16.00 часот во Полициската станица за Граничен премин Табановце, од слобода бил лишен У.Б.(33) од с.Желино, тетовско, затоа што се наоѓал на СТОП-Листа за издржување казна затвор.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.