Двајца кумановци незадоволни од платената казна за непрописно паркирање физички нападнале вработен во Градски паркинг Скопје. Настанот се одиграл вчера, а лицата се обезбедени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
– Вчера околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, З.М.(59) и Г.М.(34), двајцата од с.Љубодраг, кумановско, физички го нападнале Ж.К.(50) од Скопје, вработен во Градски паркинг Скопје. Според пријавеното, причина за физичкиот напад било нивното незадоволство од платената казна за непрописно паркирање, стои во билтенот на МВР.