Хроника 26. август 2019. / 20:30

Најнови детали за пожарот кај Велес

Најнови детали за пожарот кај Велес

Според најновите информации од екипите кои се на терен, пожарот кај езеро Младост, велешко, сеуште е активен. Горниот дел кај езерото е ставен под контрола, но има проширување на краци назад кон Башино Село и отпадот Дине кај автопат.

На терен дејствуваат сили на АРМ, како и екипи на ТППЕ Велес, Неготино, Св.Николе, Штип и Кавадарци, а побарана е помош и од Скопје. Исто така, во текот на целиот ден се дејствуваше и од воздух со хеликоптер на АРМ и два канадери на ДЗС, кои поради слабата видливост во текот на ноќта ќе бидат повлечени.

Гори нискостеблеста шума, смрека и сува трева, а силниот ветар во моментот го отежнува гаснењето на пожарот. Во тек е координација на градоначалникот на општина Велес со субјектите кои се вклучени во гаснењето на пожарот.