Неофицијално има две жртви од превртениот автобус и веќе триесетина се пренесени во Градската болница во Скопје и на други клиники, дознава „Макфакс“. Извлечени се сите патници.
Нашите извори тврдат дека има многу повредени лица, а сè уште трае транспортот на повредените од местото каде што се преврте автобусот.
Во патничкиот автобус на компанијата „Дурмо турс“ патувале околу 50 луѓе. Тој се преврте по 17 часот во близина на селото Ласкарци во општина Сарај, од засега непознати причини.