Хроника 21. јануари 2019. / 10:14

На Табановце сакал да помине граница со туѓ пасош

На Табановце сакал да помине граница со туѓ пасош

При пасошка контрола вчера во 16 часот на Граничен премин „Табановце“ било констатирано дека патната исправа што ја дало на увид лицето Ќ.А.(31) од Република Албанија, не му припаѓа нему.

Бил извршен преглед на неговиот багаж, при што била пронајдена и албанска лична карта на име М.Д.(23) од Република Албанија, врз основа на која бил утврден и вистинскиот идентитет на лицето. Лицето било приведено и предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка.