Хроника 19. септември 2018. / 11:38

На пожарникар му се слушило за време на интервенција, починал во болница

На пожарникар му се слушило за време на интервенција, починал во болница

Вчера околу 16,30 часот во Скопје, во непосредна близина на транзитниот центар за странци е опожарена поголема површина на сува трева и неколку дрвени куќички (напуштени гулабарници), додека во делот на транзитниот центар е зафатена помала површина на сува трева.

Пожарот е изгаснат од екипи на Противпожатна единица. При гасењето на пожарот на пожарникарот Г.Ј.(47) од Скопје му се слошило и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош.

Во 18.30 часот Г.Ј. починал.

Со наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција