На регионалниот пат Прилеп-Кичево, во атар на село Русјаци, вчера во 12.05 часот, товарно возило „фиат дукато“ со скопски таблици, управувано од Р.З.(60) од село Самоков-Македонски Брод, излетало од патот и удрило во дрво.
На пат за болницата во Прилеп, Р.З. им подлегнал на повредите, а сопатникот С.А. (18) од село Ковач-Македонски Брод бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде му биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.