Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека по однос на забраната за движење на ниво на целата држава, 51 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 34 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
-На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 72 лица им се издадени решенија за изолација, а 57 лица потпишале изјави за самоизолација, информира МВР.
Во државен карантин се спроведени 11 лица.