Хроника 09. септември 2019. / 12:14

МВР со детали за тепачката на фудбалскиот натпревар во Дебарца

МВР со детали за тепачката на фудбалскиот натпревар во Дебарца

Група навивачи нападнале судија на фудбалски натпревар во село Волино, општина Дебарца.

Според информациите од МВР, приведени се неколку лица, а за случајот е известен и јавен обвинител.

Според информации од полицијата, група навивачи кои биле незадоволни од одлука која ја донел судијата, го нападнале, пришто интервенирала полицијата и неколку лица биле приведени.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.