По денешниот инцидент во Карпош, кога момче било нападнато од страна на непознат сторител, кое сега се наоѓа во тешка здравствена состојба, пристигна и реакција од МВР, пишува Слободен печат.
Од МВР потврдуваат дека денеска попладне околу 17.00 часот се случи инцидент на улица Шекспирова во близина на Машинскиот факултетот во Скопје.
Според првичните информации засега непознато лице нападнало друго малолетно лице. Увидот е во тек, а по неговото завршување од полиција најавуваат дека ќе дадат повеќе информации.