Хроника 26. јули 2019. / 15:18

МВР со детали: Поранешниот возач на Лика се самоубил

МВР со детали: Поранешниот возач на Лика се самоубил

Педестиседумгодишен маж од Тетово со иницијали Ф.Т е најден мртов во возило со рани од огнено оружје. Телото било најдено од страна на неговиот син на крстосницата на улицата Киро Ристовски-Дрнц и Андреа Стојановиќ во Тетово, информира полицијата

Извршен е увид од страна на екипите на СВР Тетово и јавен обвинител по што е констатирано дека станува збор за самоубиство на лицето Ф.Т (57). Самоубиството е потврдено и од јавниот обвинител, информираат од СВР Тетово.

Случајот во тетовската полиција е пријавен во 11 часот. Човекот бил вработен во општина Тетово.

Инаку, претходно беше објавено дека лицето е поранешен возач на Хазби Лика и во моментот бил вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово.