Хроника 16. јули 2020. / 18:20

МВР ќе истражува кој пукал на синоќешната прослава на ДУИ

МВР ќе истражува кој пукал на синоќешната прослава на ДУИ

MВР работи на расчистување на вчерашното пукање на плоштадот Скендербег во Скопје, каде ДУИ славеше за постигнатите изборни резултати.

„На 15.07.2020 во вечерните часови во СВР Скопје било пријавено дека се слушало пукање од огнено оружје. Од страна на полициски службеници било евидентирано дека во периодот од 21.15 до 23.00 часот, за време на одржување на јавен собир на политичка партија на плоштадот Скендербег, од неколку правци се слушнале повеќе рафали од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот“, пишува во билтенот на МВР.

Дел од атмосферата од прославата ја споделуваа повеќе партиски функционери, меѓу кои и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, а на дел од видеото се слушаат неколку рафални истрели. Видеото денеска е отстрането од неговиот Фејсбук-профил.