Министерството за надворешни работи поднело пријава до Министерството за внатрешни работи и до Јавното обвинителство во врска со злоупотреба на наводната оставка на шефот на дипломатијата Никола Димитров.
– Тоа е очигледен фалсификат и злоупотреба и МВР ќе почне постапка по пријавата за да се открие вистината – рече денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.