Хроника 01. октомври 2018. / 14:10

Му се заканил на Заев преку Фејсбук и заработил кривична

Му се заканил на Заев преку Фејсбук и заработил кривична

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против 33-годишниот Д.П. од село Мокрино-струмичко поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “загрозување на сигурноста“.

Пријавениот со употреба на корисничко име „Andon Koseto“ на социјалната мрежа Фејсбук споделил објава со чија содржина упатил закана кон премиерот на Р.Македонија и неговото семејство.