Хроника 09. април 2018. / 15:02

Му го пресекле патот и го нападнале со метален предмет

Му го пресекле патот и го нападнале со метален предмет

Скопјанецот М.Р. (26) ноќеска околу 4.30 часот физички бил нападнат на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, додека М.Р. управувал со неговото возило, патот му го пресекло друго возило од кое излегле две лица и физички го нападнале. Едниот од нив со метален предмет го удрил неколку пати во пределот на главата, а другото лице го удирало со тупаници. Потоа лицата влегле во возилото и го напуштиле местото на настанот.