Хроника 26. јули 2020. / 15:58

Мртов човек пронајден кај јужната граница

Мртов човек пронајден кај јужната граница

Во текот на вчерашниот ден околу 13 часот во Регионалниот центар за гранични работи Југ било пријавено дека на јужната државна граница, на непристапен шумски предел во реонот на с.Негорци кон с.Серменин, имало починато лице, најверојатно мигрант.

Полициски службеници излегле и на местото викано „Жабја Река“, с.Негорци било пронајдено починато лице. Смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено за обдукција.