Државниот инспекторат за животна средина ќе го забрани за работа погонот на „Арцелор Митал – Либерти Хаус Груп“, по завчерашната еколошка катастрофа во Вардар.
Доколку овој инцидент биде ставен во трета категорија, тоа значи дека предизвикувачот може да добие прекршочна пријава со парична казна од 70.000 до 100.000 евра.
Еколошката катастрофа се случила поради пукање во погонот при што дошло до излевање на материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за отпадни води и обоена црвеникаво-жолта отпадна вода завршила во реката вардар, потврдија од инспекторатот.
Дали за раководството на оваа компанија ќе следи и кривична пријава, ќе се знае најмногу за два дена.
„Либерти Скопје“ објасни дека станува збор за технички инцидент кој се случил на линијата лужилница.