В.В. (41) од Скопје вчера управувајќи со мотор „јамаха 850“ излетал од регионалниот пат Штип-Неготино и паднал.
В.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.