На булеварот „Трета Македонска бригада“ синоќа во 21:18 часот во Скопје, патничко возило „Опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од 19-годишниот Г.Ѓ. од Скопје, удрило во бетонска жардиниера.
Од ударот со тешки телесни повреди се здобил Г.Ѓ., кој бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.