Хроника 23. мај 2019. / 12:21

Момче со штрафцигер им се заканувало на полицајци

Момче со штрафцигер им се заканувало на полицајци

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвинение против 20-годишно момче од Леуново. Тој е обвинет за напад на полицаец.

Според ОЈО, пред два дена тој кршел и оштетувал инвентар во интернатот „Седек Костоски“ во Маврови Анови, каде привремено бил сместен. Кога пристигнале полицајците тој од џебот извадил штрафцигер, ги нападнал со намера да ги повреди, но бил совладан и уапсени.

Истиот ден судија на претходна постапка му одреди притвор од осум дена.