Хроника 04. јули 2018. / 16:50

Момче претепано во ноќен клуб во Скопје

Момче претепано во ноќен клуб во Скопје

Утрово во 6 часот, 25-годишниот С.П. од Скопје пријавил дека околу 02:40 часот додека со негов другар В.С. биле во ноќен клуб во Градскиот парк, непознато лице физички го нападнало, а потоа со шише го удрило во главата.

Од страна на обезбедувањето на клубот сите лица биле изнесени надвор од објектот, каде, според пријавеното, непознатите лица повторно ги нападнале С.П. и неговиот пријател.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.