Хроника 08. јануари 2021. / 17:11

Момче од Кочани заработи кривична пријава за смртни закани и повици за насилство на Фејсбук

Момче од Кочани заработи кривична пријава за смртни закани и повици за насилство на Фејсбук

Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишно момче од Зрновци, Кочанско, за смртни закани и повици за насилство што ги објавил на „Фејсбук“.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ денеска Д.Ѓ.(26) од село Зрновци, Кочанско бил повикан на разговор во полиција.

Тој вчера на „Фејсбук“ споделил објава со повик за насилство и смртни закани. Одземен е мобилниот телефон на Д.Ѓ. и известен е јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против Д.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.