Хроника 24. април 2018. / 15:12

Mомче нападнато со боксови на Бит-пазар

Mомче нападнато со боксови на Бит-пазар

Четири непознати лица го удирале момчето со боксови во пределот на главата.

Четири непознати лица завчера физички нападнале 17-годишно момче на улицата „Крсте Мисирков“ во Скопје.

Случајот во Полициската станица Бит-пазар вчера го пријавил таткото на нападнатото момче.

Според пријавата, момчето било нападнато во 20 и 45 часот на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“ при што непознатите лица го удирале со боксови во пределот на главата.

Се работи на целосно расчистување на случајот