Молотов коктел утрово околу 3 часот е фрлен врз семејната куќа на командирот на прилепската полиција Кирил Спиркоски на улица ,,Киро Крстески –Платникот’ .
Среќа во несреќа е што шишето со молотовиот коктел е фрлено на вториот спрат па наместо на ѕидот пироманите го погодиле стаклото од певеце рамка од детската соба од синот на Спиркоски кој играл на компјутер..
Иако јавно не сакаат да говорат ,вознемирените членови на семејството Спиркоски тврдат дека молотовиот коктел паднал во дворот во трева ,а на помош притрчале и дел од соседите па го локализирале малиот пожар..
Случајот веднаш е пријавен и во полиција, земен е материјал кој е пратен на вештачање, а во меѓувреме истрагата за овој случај продолжува.