Министерот за култура Хусни Исмаили попладнево имаше сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар. Владини извори за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека министерот Исмаили со службеното возило „пасат” имал сообраќајка, но не е повреден ниту тој, ниту останатите учесници во несреќата. Предизвикана е само материјална штета.
Несреќата се случила додека министерот си одел дома кон Тетово по завршување на работниот ден. Возилото на министерот се судрило со камион со гостиварски регистерски таблици. По несреќата регистерската таблица на возилото беше покриена со хартија.
Од Министертсвото за внатрешни работи велат дека пред првата наплатна рампа на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа, нема повредени, екипите се на увид и подоцна ќе соопштат детали.
На 29 мај, сообраќајна несреќа во Скопје имаше и заменик-министерот за култура Владимир Лазевски кога со неговото службено возило се удри со мотор.