Хроника 16. јули 2020. / 10:46

Минирање на патот Радовиш-Штип кај Пилав Тепе

Минирање на патот Радовиш-Штип кај Пилав Тепе

Компанијата „Страбаг АГ“ со своите подизведувачи  денеска од 12 до 15 часот ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип, околу место викано Пилав Тепе, како дел од активностите за изградба на експресниот пат.

Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.