Хроника 17. јануари 2020. / 18:23

Mигранти пронајдени во товарен воз на Табановце

Mигранти пронајдени во товарен воз на Табановце

На 17.01.2020 во 00.10 часот во Полициска станица на граничен премин „Табановце – железнички“, С.И.(40) од Р.Србија, вработен како контролор на вагони, пријавил дека во товарен воз кој сообраќал на релација Грција – Унгарија има оштетување на пломби на три вагони.

При контролата од царинските службеници биле пронајдени K.Н.(20) и Ј.Н.(18), и двајцата од Авганистан.

Лицата се предедени на полициски службеници од Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.