Хроника 14. ноември 2020. / 20:15

Медицински лица биле нападнати од лица кои одбиле да стават заштитна маска

Медицински лица биле нападнати од лица кои одбиле да стават заштитна маска

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 23:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека екипа на Итна медицинска помош била на интервенција на ул. „Стокхолмска“ бидејќи имале повик дека на Т.А. и се влошила здравствената состојба, каде биле пречекани од 54-годишниот В.А. од Скопје, 49-годишниот Д.А. од Скопје и уште три други лица.

Кога едно од медицинските лица им укажало да стават маски за да можат да интервенираат, лицата почнале да ги навредуваат и омаловажуваат, и да удираат по комбето. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.