Жител на скопското село Визбегово, Џ.Р. (62) вчера на бул. „Никола Карев“ во Скопје, бил тешко повреден откако бил удрен од патничко возило „БМВ 530“ со холандски национални ознаки, управувано од А.А. (30) од Холандија.
МВР информира дека повредениот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а по укажаната помош тој бил задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.