Хроника 04. март 2019. / 16:37

Маж и жена претепани на скопските клиники

Маж и жена претепани на скопските клиники

Скопјанец со сопругата биле нападнати од непознато лице, вчера во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 13 часот пред главниот пункт за наплата на паркинг во комплексот. Тогаш Б.К.(34) и неговата сопруга О.К.(32) биле физички нападнати од непознато лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.