Хроника 08. ноември 2019. / 15:24

Марихуана и кокаин пронајдени при претрес во угостителски објект во гостиварско

Марихуана и кокаин пронајдени при претрес во угостителски објект во гостиварско

Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Е. (29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори”.

На 30 мај во село Неготино, Гостиварско, полициски службеници извршиле претрес во угостителски објект на пријавената, при што пронашле и одзеле кокаин.

Иполицијата од Делчево поднесе кривична пријава против 17 – годишен малолетник од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 8 јуни пред угостителски објект во Делчево полициски службеници извршиле претрес на пријавениот, при што пронашле и одзеле мешавина од марихуана и тутун.