Хроника 20. јануари 2021. / 09:40

Манијак во Влае, жителите се вознемирени

Манијак во Влае, жителите се вознемирени

Во петокот од 19 до 23:00, на улица Иван Цанкар во Влае е забележан манијак кој во неколку наврати сексуално ги вознемирувал, демнел по дворови и манијачел преку прозор жителите на ул. Иван Цанкар, пишува Елеонора Стојановиќ на својот Фејсбук профил на кој објавила и видеа и фотографии.

Случајот е пријавен во петокот во Министерство за внатрешни работи.

-Ве молам доколку забележите некој кој сомнително се однесува или имате информации за слични вознемирувања, пријавете во Полициска станица Карпош 072 334 411 или на 192, пишува таа.