Хроника 07. јануари 2021. / 21:10

Малолетник од Врапчиште повреден од воздушна пушка

Малолетник од Врапчиште повреден од воздушна пушка
фото: илустрација

Шестнаесетгодишно момче од тетовското село Врапчиште ракувајќи со воздушна пушка повредил друг малолетник од истото село.

Повреденото момче е префрлено во приватната болница „Систина“ во Скопје каде му е укажана лекарска помош.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека инцидентот бил пријавен вчера во 14:10 часот во СВР Тетово. Немилиот настан се случил на 5 јануари околу 15:30 часот во помошен објект во атарот на селото Врапиште.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистувaње на случајот.