Хроника 02. август 2018. / 19:34

Maкедонскиот државјанин убиен во Кабул бил готвач

Maкедонскиот државјанин убиен во Кабул бил готвач

Во Кабул утрово биле пронајдени три тела на вработени лица во француската компанија „Содеско”. Сите тројца, еден македонски државјанин, еден индиски (39) и еден малезиски граѓанин (64) биле готвачи во оваа компанија за производство на храна и кетеринг.

Тие најпрво биле киднапирани од нивниот автомобил на пат за аеродром и убиени. За авганистанската полиција ова е терористички чин. Ниту една група досега не ја презема одговорноста за убиствата.

Тие биле застрелани во автомобилот, изјави Бахар Мех, официјален претставник во Министерството за внатрешни работи. Возачот на автомобилот бил испрашуван од полицијата и се третира како можен осомничен.

Компанијата „Содеко” го потврдила идентитетот на тројцата вработени и изразила „тага и шокираност” поради нивната смрт.

Ова е петти македонски државјанин убиен во Авганистан, кои преку приватни компании отишл да работат во оваа земја. Пред 5 години четворица македонски државјани биле киднапирани, а потоа и убиени од талибанските милитанти.

Извор: МКД.мк