Мајката и синот кој беа пронајдени мртви во стан во Велес имале интензивна телефонска комуникација се до средината на јануари оваа година, кога таа наеднаш прекинува и повеќе со никого не комуницирале преку телефон, дознава телевизија 24 од извори на истрагата.
Во втората недела од јануари тие пет пати се јавиле и во велешката брза помош. Неколку дена подоцна, нивната телефонска комуникација престанува. Зошто барале брза помош? Дали им е пружена и на што се жалеле?
Одговор на овие прашања од брзата помош во Велес за телевизијата рекле дека можат да се добијат исклучиво по службена должност, само доколку тоа го побараат овластените државни институции, изјавил д-р Страхил Тодоров, портпарол на Здравствен дом Велес.
Откако телата беа пронајдени на 6 април министерот за здравство Венко Филипче откри дека кај лешот на жената е најден корона вирус, десетина дена подоцна случај го затвори, бидејќи обдукцијата открила дека мајката и синот починале во март, кога епидемијата во Македонија веќе ја имаше.
-Информациите до кои во меѓувреме дојдовме, укажуваат дека тоа можеби не е точно. Сепак, ако починале во јануари, дали е можно коронавирусот да бил присутен во земјава многу порано од она што го знаеме. Според вирусологот Никола Пановски, мала е веројатноста за тоа. Тој смета дека најверојатно тестот кај мртвата жена бил лажно позитиван, но наместо да се признае веќе направената, се прават нови грешки, се вели во прилогот на телевизија 24.
Во меѓувреме, Андреја Лазаревски, полицаецот од Велес кој беше на увид во станот на мајката и синот, е позитивен на тестот за корона вирус. По неколкудневно тактизирање, министерот Филипче рече дека најдениот вирус кај полицаецот нема никаква врска со вирусот кај починатата.
Видео прилогот можете да го погледнете на 24.мк