Хроника 14. March 2019. / 16:13

Кривична за охриѓанка: Креирала „Фејсбук“ и „Инстаграм“ со податоци на свој сограѓанин

Кривична за охриѓанка: Креирала „Фејсбук“ и „Инстаграм“ со податоци на свој сограѓанин

Млада охриѓанка заработи кривична поради креирање на лажни профили на социјални мрежи, користејќи податоци на друга личност.

29-годишната охриѓанка заработи кривична, поради злоупотреба на лични податоци. Според информациите, во периодот од октомври 2018 до 12.2.2019 пријавената на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ креирала профили со лични податоци од С.Д. од Охрид, без претходна согласност од него, по што од тие профили комуницирала со негови пријатели и роднини.