Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.Ц. (61) од Кратово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, во временски период од 01.02.2018 до 01.04.2019 година, додека извршувал функција директор на Јавно претпријатие за комунални дејности и инфраструктура Кратово – Кратово, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност и самоволно, без да биде објавен јавен оглас и да спроведе тендерска постапка за доделување и склучување на договори за јавна набавка, набавувал стоки со вредност е поголема од 500 евра и изнајмувал други услуги без никакви договори, од разни правни лица од РСМ, со што извршил противправен промет на стоки и работи во вкупна вредност од 1.933.706 денари, кои се исплатени од сметката на ЈПКДИ Кратово – Кратово на наведените правни лица, со што го оштетил буџетот на РСМ.
Кривична против екс-директор на јавно претпријатие од Кратово
