Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на лични податоци“, и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.А.(30) од кичевското село Туин, информираа портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски
Тој, на 22 мај годинава во 20:24 часот, на социјалната мрежа „Фејсбук“, објавил фотографија на полициски службеник и навредувачки коментари со кои поттикнувал омраза кон полицијата, македонскиот народ и државата , објасни Димоски.