Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Прилеп поднесе кривична пријава против С.Т. (48) порани сомневање за лихварство.
Во текот на јули 2019, П.Ј. од Неготино од пријавениот побарал на заем 70.000 денари, кој го условил со несразмерна камата. Притоа, пријавениот, како залог зел комбе, сопственост на П.Ј. и бугарска патна исправа на име на П.Ј. Неготинчанецот во четири наврати на пријавениот му исплатил вкупно 25.000 денари како камата, а кога на 6 септември отишол да го исплати долгот, пријавениот не ги зел парите и го задржал комбето за себе.