Хроника 27. јули 2020. / 15:45

Кривична пријава за хотел во Маврово: Примал гости иако беше забрането

Кривична пријава за хотел во Маврово: Примал гости иако беше забрането

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно правно и едно физичко лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи, информираат од ОЈО Гостивар.

Обвинетиот, како одговорно лице во правното лице – хотел во Маврово, на 6 јуни, спротивно на тогаш важечките прописи и упатства со кои беа определени мерки за спречување и сузбивање на заразна болест, дозволил присуство на гости во угостителскиот објект – соопштија од обвинителство.